• сабота, 23 ноември 2024

Пиоли го презеде Ал Итихад за големи пари: Италијанецот оди во Саудиска Арабија

Пиоли го презеде Ал Итихад за големи пари: Италијанецот оди во Саудиска Арабија

Ријад, 3 јули 2024 (МИА) - Токму кога завладеа затишје во турбулентната трансфер политика на клубовите од Саудиска Арабија, денеска стигна веста дека Стефано Пиоли е новиот тренер на тамошниот Ал Итихад.

Секако, тој наплатил многу за тоа, бидејќи според тврдење на познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, за тригодишниот договор ќе земе неверојатни 50.000.000 евра.

Поранешниот стратег на Милан и освојувач на Серија „А“ со гигантот на италијанскиот фудбал треба да биде само првото парче во новиот клупски мозаик, бидејќи сопствениците сакаат следната сезона да ги престигнат Ал Хилал и Ал Наср.

Времето ќе покаже дали тоа значи дека некоја од ѕвездите ќе добие пофалница или на Карим Бензема, Нголо Канте и Фабињо ќе им се придружи уште едно големо фудбалско име во нов богат трансфер.

Пиоли има 58 години, а пред половина деценија мината во Милан ги водеше и Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Палермо, Модена, Сасуоло, Верона и Салернитана. дс

Фото: Архива

Остани поврзан