• понеделник, 02 септември 2024

Пиоли: Битката за Скудетото е завршена

Пиоли: Битката за Скудетото е завршена

Милано, 29 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли убеден е дека борбата за Скудетото е веќе завршена со оглед на предноста на лидерот во Серија „А“, Интер од 12 поени пред главниот конкурент Јувентус. 

- Да, мислам дека трката за првото место е завршена. Интер има неверојатна сезона и имаше тежок распоред во кој ги победија сите. Откако ја завршија таа програма на толку јасен начин, мислам дека борбата за титулата е завршена, истакна тренерот на Милан.

Тој изрази и надеж дека на утрешниот натпревар против Лацио, „росонерите“ не само што ќе се покажат добри во нападот, туку и ќе забележат победа.

- Сакаме да го повториме настапот од неделата, но да постигнеме поинаков резултат. Имаат голем квалитет во Лацио и беа поразени во последниот меч, па ќе бидат мотивирани. Тие играат добро, но можеме да им отежнеме играјќи со интензитет, додаде Пиоли. дс

Фото: Архива

Остани поврзан