• сабота, 23 ноември 2024

Пинг-понг: Се подобруваат резултатите на македонските претставници на европските првенства

Пинг-понг: Се подобруваат резултатите на македонските претставници на европските првенства

Малме, 21 јули 2024 (МИА) - Македонските репрезентативци во пинг-понг во јуниорска и кадетска конкуренција учествуваа на Европското јуниорско првенство во Малме, Шведска кое се одржа од 12-ти до 21-ви јули во поединечна категорија и категорија на двојки и мешани двојки.

Кристијан Каламадевски (ППК Зегин Берово) успеа да се пласира во елиминационен дел во кадети како втор во група победувајќи го играчот од Кипар Јоанис Хаџиапостолу со резултат 3-2.  

Моника Стајковска и Фани Јованоска, двете од ППК Зегин Берово, имаа по една победа во група и многу мала бодовна разлика ги делеше од главната табела.

Во игра на двојки нашиот пар Стојчев-Стојановски извојува победа над пар од Велс/Унгарија со резултат 3:2.

Со тоа обезбедија влез во најдобрите 64. дс

Фото: ППФСМ

Остани поврзан