• недела, 24 ноември 2024

Пингпонгарската федерација со поддршка на Специјална олимпијада

Пингпонгарската федерација со поддршка на Специјална олимпијада
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Пингпонгарската федерација на Северна Македонија уште еднаш покажува дека како општествено одговорна организација ги исполнува своите ветувања и ги реализира договорите со организациите со кои потпишала меморандуми за соработка. - Деновиве ППФСМ на Специјална олимпијада на Северна Македонија им донираше опрема за пинг-понг. Специјална олимпијада во вид на донација од ППФСМ доби: тренерки; дресови; спортски торби; тренинг рекети и топчиња за тренинг. Донацијата на оваа опрема всушност претставува само еден од чекорите на реализација на меморандумот потпишан од страна на ППФСМ и Специјална олимпијада во мај оваа година. Со Меморандумот ППФСМ и Специјална олимпијада се обврзаа со заедничка соработка да придонесат за вклучување на лицата со интелектуална попреченост преку спорт, спортски активности и натпревари, промовирање на здрав начин на живеење, подигање на јавната свест за лицата со попреченост како и едукација за теми поврзани со овие таргет групи, соопштија од ППФСМ. Соработката ќе биде спроведена преку годишни активности и настани како: спортски тренинзи и натпревари, состаноци и друг вид на активности на кои ќе се промовираат горенаведените заеднички цели, заедничко учество во проектни активности реализирани на локално, регионално и национално ниво, како и секаков вид на активности кои ќе ја одразуваат заедничката волја и заложба за поддршка на лицата со интелектуална попреченост. зс/

Остани поврзан