Пингпонгарската федерација организира камп за млади
- Пингпонгарската федерација на С. Македонија од 16 до 19 март организира камп за тренинг на младите категории во салата „Јане Сандански“, Скопје.
Скопје, 17 март 2022 (МИА) - Пингпонгарската федерација на С. Македонија од 16 до 19 март организира камп за тренинг на младите категории во салата „Јане Сандански“, Скопје.
- На кампот ќе учествуваат 13 репрезентативци во категориите помлади од 15 години и помлади од 19 години. Главен тренер на кампот е словенецот Јоже Урх кој заедно со нашите Сашко Богатинов и Зоран Јованоски ќе го одржат овој камп. Дополнително се дојдени уште двајца спаринг партнери од Германија кои заедно со тренерот Урх се дел од тренинг центарот на спонзорот на нашата федерација Тибхар во Германија во градот Сарбрукен. За крај на овој тренинг камп во сабота 19.03.2022 во хотел Русија ќе се одржи и еднодневна обука за тренери од нашата држава која исто така ќе ја одржи словенецот Јоже Урх, соопштија од федерацијата.
Во недела во Крива Паланка, ден по завршувањето на кампот за младите, ќе се одржат и двете Државни првенства во категории јуниори/ки помлади од 19 години и млади кадети/ки помлади од 12 години. зс/