• среда, 27 ноември 2024

Пингвин „со став“: Не јаде евтина риба

Пингвин „со став“: Не јаде евтина риба

Токио, 8 јули 2022 (МИА) - Зголемувањето на цените ширум светот сите нѐ тера да бираме поевтини опции заради заштеда. Така, вработените во еден аквариум во Јапонија се обиделе да му дадат поевтина риба на еден пингвин, при што тој одлучно реши да одбие.

На видеото на Јутјуб, пингвинот, како што гласат некои коментари - вешто, „елегантно“ „со став“ и „со стил“ го врти клунот, со што јасно дава до знаење дека не го прифаќа овој „економичен избор“ на храна. Иако вработените дадоа сѐ од себе, се чини дека обидите да го нахранат животното беа неуспешни. Аквариумот се наоѓа недалеку од Токио и е дом на 32.000 животни, меѓу кои и ајкули, фоки и видри. Раководството деновиве се префрли на обична скуша како храна, откако цените на поквалитетната риба претходно пораснаа за 20-30 отсто. Но, откако доби решително „не“ од пингвинот, раководителот Даики Шимамото нагласи дека нема да ги принудува животните да јадат тоа што не го сакаат. Тој исто така, посочи и дека засега не се планирани поскапи билети. Целта е да се привлечат што повеќе луѓе, за што повеќето посетители и љубители се благодарни.  си/ми/ https://www.youtube.com/watch?v=gCl16qi58UI

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан