• четврток, 26 декември 2024

Пилотите на Луфтханза нема да штрајкуваат до јуни 2023 година

Пилотите на Луфтханза нема да штрајкуваат до јуни 2023 година
Франкфурт, 12 септември 2022 (МИА) - Договорот за плата склучен минатата недела помеѓу германската авиокомпанија Луфтханза и нејзините пилоти може да значи само „прекин на огнот“ во преговори помеѓу компанијата и синдикатот до јуни следната година, објави германската новинска агенција ДПА. Според Луфтханза и Синдикатот на пилотите договорот вклучува значително зголемување на платите, но исто така остава за преговарање одредени прашања, за чие решавање краен рок е 30 јуни 2023 година. Исто така договорот вклучува пилотите до јуни 2023 да не штрајкуваат. Околу 5.000 пилоти во основната авиокомпанија на Луфтханза и нејзината подружница Луфтханза карго ќе добијат зголемувања на основна месечна плата за околу 490 евра бруто. ми/

Остани поврзан