• сабота, 23 ноември 2024

Пилепската болница го санираше дефектот, пациентите не се во опасност, се воспоставува грејниот систем

Пилепската болница го санираше дефектот, пациентите не се во опасност, се воспоставува грејниот систем

Прилеп, 25 ноември 2022 (МИА) - Прилепската болница го санира големиот дефект на водоводната мрежа за да се стави во функција котларницата и да профункционира грејниот систем во оваа здравствена установа, информираат од Болницата, која две недели го оспособува водоводниот систем кој не претрпел обнова 40-тина години. Водоводниот систем влијае на функционирањето на котларницата за да функционира системот за греење.

Според Кети Смилеска, директор на Прилепската болница со проширена надлежност, сега се тестира системот и работите треба да завршат викендов. Таа информира дека болницата има доволно мазут за грејната сезона. Уверуваат дека во меѓувреме пациентите не се во опасност и се во простории каде има дополнително вклучени греји тела.

- Нема проблем за пациентите во болницата. Тие се во простории каде вообичаено има вклучено дополнителни грејни тела. Потребно му е време на грејниот систем да функционира. Очекуваме дека до крајот на викендов се ќе биде во ред, изјави Смилеска.

Проблемот со дефектот во водоводната мрежа е две недели и викендов ќе заврши, сметаат од Болницата. Информираат дека има доволно набавено мазут за грејната сезона.

- Уште во летниот период во два наврата, набавивме 20 и 35 тони мазут, вкупно 55 тони, доволно за загревањето на просториите на болницата за наредниот период, до февруари. Во моментов во Болницата има дополнителни грејни тела и ниту еден пациент не се наоѓа во просторија која не е затоплена. Сите пациенти се во просториите каде има дополнително греење. Болницата ќе набави уште 25 тони мазут, постапката е во тек и со вкупно 75 тони мазут ќе биде доволно за целата грејна сезона, рече Смилеска.

Во Здравствениот дом каде загревањето е со нафта, има за неколку дена, иако таму сметаат дека радијаторите се ладни. Во тек е набавката на нови количества, велат од болницата.

Ситуацијата со корона вирусот е стабилна. Во инфективното е хоспитализиран еден пациент. ем/мд/

Остани поврзан