• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пикси: Прашајте ги играчите зошто не доаѓаат во репрезентацијата

Пикси: Прашајте ги играчите зошто не доаѓаат во репрезентацијата

Белград, 2 септември 2024 (МИА) - Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го коментираше својот избор на играчи за претстојните натпревари против Шпанија и Данска во Лигата на нациите.

Селекцијата на Србија на 5 септември во Белград ќе и гостува на Шпанија, а три дена подоцна во Копенхаген гостува кај Данска.

Стојковиќ објасни зошто не ги повикал Филип Костиќ и Немања Радониќ.

-Како да го повикам Костиќ кога нема тим или Радониќ кој тренира индивидуално, изјави селекторот на српската репрезентација.

Стојковиќ зборуваше и за некои други играчи, меѓу кои Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кои нема да играат за Србија.

-Како играат за својот клуб, а не за репрезентацијата? Прашајте ги. Никој од нив не ми кажа дека не сака да игра, а таква изјава не сум видел од нив, коментираше Стојковиќ. дс

Фото: Архива

Остани поврзан