• среда, 27 ноември 2024

Пике може да ја продолжи кариерата во неговиот клуб Андора во шпанската втора дивизија

Пике може да ја продолжи кариерата во неговиот клуб Андора во шпанската втора дивизија

Барселона, 4 јануари 2023 (МИА) - Жерар Пике може да ја продолжи кариерата, иако пред два месеца одлучи да заврши со професионално играње фудбал.

Триесет и петгодишниот шпански фудбалер, кој се пензионираше во ноември 2022 година, планира да игра за клубот од Андора, чиј сопственик е лично тој, пренесува „Relevo“.

Сепак, постојат две пречки. Првата е платата на Пике. Фудбалерот, иако најави повлекување, сепак важи за играч регистриран во Барселона, а неговата плата е околу 20 милиони евра.

Втората причина е што Андора не може на Пике да му исплати минимална плата во шпанската Втора лига. Можно е да се спроведе ова, но за тоа ќе треба да одлучи посебна комисија на Ла Лига.

Платата на Пике треба да ја провери комисијата на Ла Лига, која ќе утврди дали Андора може да си дозволи таков играч. зс/

Остани поврзан