• среда, 18 декември 2024

Пиеракакис: Во училиштата ќе се воведе едукативна програма за однесувањето на социјалните мрежи 

Пиеракакис: Во училиштата ќе се воведе едукативна програма за однесувањето на социјалните мрежи 

Атина, 11 декември 2024 (МИА) – Воведување едукативна програма во рамките на предметот информатика за тоа како учениците да управуваат и да се однесуваат на социјалните мрежи, најави министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис, говорејќи за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежниот министер објасни дека имал средба со претседателот на Независната управа за заштита на личните податоци и бил информиран дека пости добра едукативна програма што Управата им ја отстапува. 

-Ќе ја воведеме во училиштата, за тоа како децата да управуваат со социјалните мрежи. Со други зборови, на пример, имаш под 15 години, а некој непознат ти праќа порака. Што одговараш, како реагираш, што им кажуваш на родителите, што кажуваш на училиште, како треба да реагираш, како управуваш со фотографиите, како управуваш со тоа што го пишуваш на социјалните мрежи. Сето ова ќе биде вклучено, истакна Пиеракакис и додаде дека првично, програмата ќе биде како игра и ќе биде вклучена во предметот информатика.

Истакна дека прашањето за безбедно користење на интернетот е приоритет и за него и за премиерот, а говореше и за идејата да се воведе специјална апликација преку која родителите ќе го блокираат пристапот на децата на социјалните мрежи.

-Се размислува за мерка за која мора да има одлуки на европско ниво за да функционира како што треба, но во првата фаза се разгледува апликација која ќе биде инсталирана од родителите на мобилните телефони на децата и во суштина ќе го блокира пристапот, врз основа на возраста, на социјалните мрежи, рече министерот за образование.

Во истражување на јавни мислење објавено од грчката телевизија Алфа, седум од десет Грци, односно 72 отсто се согласуваат со одлуката на Австралија да се забрани употребата на социјални мрежи за деца под 16 години. ср/сд/

Остани поврзан