• четврток, 26 декември 2024

Пивара Скопје со поддршка на македонските фудбалери на претстојното ЕП

Пивара Скопје со поддршка на македонските фудбалери на претстојното ЕП
Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Компанијата Пивара Скопје постигна договор  со Фудбалската федерација на Македонија за поддршка на репрезентацијата на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули. Генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ искажа задоволство од партнерството со ФФМ. - Исклучително сме среќни што како докажани партнери и поддржувачи на спортот, имаме можност да бидеме дел од оваа приказна. Сигурни сме дека фудбалерите ќе дадат максимум да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини. Ние ветуваме дека СКОПСКО ќе биде со нив и дека „пиварците“ заедно со многубројните фанови од срце ќе ги бодриме. Што се однесува до настапот на ЕП, ќе го кажам слоган на нашето партнерство „Се е можно“, истакна Сладиќ на заедничката прес-конференција. Во знак на благодарност за партнерството, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, на Генералниот директор на Пивара Скопје, му предаде персонализиран дрес од македонската репрезентација. - Радува фактот што еден од најпрепознатливите наши брендови, СКОПСКО, станува дел од фудбалското семејство. Веруваме дека заеднички ќе се радуваме на нови победи и ќе славиме со „На здравје – за нови победи“. Напред Македонија, рече Сејдини. На денешниот настан премиерно беше прикажан и новиот спот и химната „Одиме на Европско“ од групата „Вис Рисови“ посветена на македонската репрезентација. зс/

Остани поврзан