• сабота, 23 ноември 2024

Пејачот Линдеман од рок-групата Рамштајн заразен со коронавирусот

Пејачот Линдеман од рок-групата Рамштајн заразен со коронавирусот
Берлин, 27 март 2020 (МИА) - Пејачот на германската рок-група Рамштајн, Тил Линдеман, е заразен со новиот коронавирус и се наоѓа во болница на интензивна нега. Според германскиот весник „Билд“, Линдеман бил во животна опасност, а сега состојбата му е подобрена. По концертот во Русија, тој се вратил во Берлин каде што добил висока температура. Со Брза помош е префрлен на клиника каде што е тестиран и е потврдено дека е позитивен на коронавирусот. Исто така му е дијагностицирана и пневмонија. паг/

Остани поврзан