• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пешевски: Покажавме дека во Македонија има сила и мотивација за во иднина

Пешевски: Покажавме дека во Македонија има сила и мотивација за во иднина

Вараждин, 26 јануари 2025 (МИА) - Овој натпревар беше за уживање со претендент да го освои ова натпреварување. Франција е велесила, се спротиставивме со сите можни сили и мислам дека оставивме добар впечаток и ќе ни биде тоа мотив за во иднина, изјави Жарко Пешевски по синоќешниот меч на ракометната репрезентација на Македонија, кој беше и последен на Светското првенство. 

Според него, овој турнир е еден од подобрите во однос на физички план за македонската репрезентација.

- Покажавме дека во Македонија има снага, сила, мотивација за во иднина, со која ќе ги радуваме Македонците, додаде Пешевски. дс

Фото: Архива

Остани поврзан