• недела, 28 јули 2024

Печурки и во градска средина во Тиквешко, познавачите апелираат на внимателност

Печурки и во градска средина во Тиквешко, познавачите апелираат на внимателност
Кавадарци, 6 ноември 2020 (МИА) - Печурки можат да се сретнат и во градска средина во Тиквешко, познавачите апелираат на внимателност, без разлика дали печурките се од оние јадливите или не. - Штом се во градска средина, не се препорачливи оти се загадени. Бидејќи печурката е како сунѓер, ги впива и штетните материи како оловото. Некои кучиња можеби мокреле врз нив, па може и кучешка тенија да се заработи и слично. Не се берат и ако се близу до автопат, каде се движат повеќе возила на ден, за МИА рече Митко Василев, долгогодишен печуркар од Неготино. Тој нагласи дека кога станува збор за градска средина, треба исто така да се внимава на децата, кои можеби од љубопитство, ќе посегнат по некоја печурка, која може да биде и отровна. свд/аа/

Остани поврзан