• четврток, 26 декември 2024

Пецаков: Во тек се градежни активности на повеќе локации во Охрид

Пецаков: Во тек се градежни активности на повеќе локации во Охрид
Охрид, 7 мај 2022 (МИА) – Приклучок на фекална канализација на 40-тина семејства во селото Лескоец, реконструкција на улиците „Момчило Јорданоски“ и „Даме Груев“, изградба на третата фаза од булеварот „Македонски Просветители“, се дел од проектите што ги реализира Општина Охрид каде денеска градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски извршија увид. - Реконструкцијата на улица „Момчило Јорданоски“, и трите краци од „Даме Груев“ заедно со паркингот од населбата Даме Груев, се проект кофинансиран од општина Охрид заедно со Бирото за регионален развој, односно Југозападниот Плански регион. Ја почнавме третата фаза од реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“, дел кој што дополнително го правиме финансиран од општина Охрид, настрана од проектот кој што беше предвиден со средства од Светска банка изјави Пецаков. Потсети и на поставувањето на коцките, во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“ како и реконструкцијата на улици во старото градско подрачје и потпорен ѕид кај црквата „Челница“... Со реализацијата на низа проекти во Охрид, според претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски, се покажува дека во општините кои ги водат градоначалници од неговата партија се гради. - Од она што можам да го заклучам и видам од досега со градоначалникот Пецаков што разговаравме, но и што го видовме на лице место после пет месеци повторно Охрид започнува да се гради, да се движат работите и ќе продолжи во таа насока. Иако беше изминатиот период некако сето замрено и стопирано низ цела Македонија, вклучително и Охрид, сега од ова што можам да го видам овде градежната офанзива е дел од Охрид и проектите овде во Охрид, рече Мицкоски. Ги охрабри градоначалниците од ВМРО – ДПМНЕ, да продолжат со реализација на нови проекти и во иднина. сс/вј/

Остани поврзан