• четврток, 12 февруари 2026

Пецаков: Остануваме посветени на спроведувањето на препораките на УНЕСКО

Пецаков: Остануваме посветени на спроведувањето на препораките на УНЕСКО

Охрид, 11 февруари 2026 (МИА) – Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата остануваме целосно посветени на спроведувањето на препораките за заштита на Охридскиот Регион како светско културно и историско наследство заштитено од УНЕСКО. Тоа на својот фејсбук-профил го исткнува градоначалникот Кирил Пецаков, кој е дел од државната делегација што е наоѓа во Париз во седиштето на УНЕСКО, каде што има средби со надлежните лица во светската организација.

Пецаков, кој, како што вели, е првиот градоначалник на Охрид што остварил средба со генерален директор на УНЕСКО, посочува дека се сретнал и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО.

- Како татко на градот, моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно онаму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита дека се работи на долгорочна и одржлива заштита, која ќе го зачува статусот на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО. Ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија бидејќи езерото бара заеднички пристап - вели Пецков.

Тој уште нагласува дека Охрид бара лидерство и конкретни дела, како и дека односната посета е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за Охрид како национално културно и природно богатство. аб/са/

фото/Кирил Пецаков

Остани поврзан