• петок, 27 декември 2024

Пецаков во обиколка на градежните активности во стариот дел на Охрид

Пецаков во обиколка на градежните активности во стариот дел на Охрид
Охрид, 1 март 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска изврши увид во градежните активности на улиците „Климентов Универзитет“ и „Бранко Шотра“ во стариот дел од градот. На „Климентов Универзитет“, како што соопшти Општина Охрид, се врши реконструкција на плочките, а градежните активности ги изведува фирмата „Бокоп“. На улицата „Бранко Шотра“ завршиле активностите за поставување нова водоводна линија. - Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, се постави нов цевковод од полиетиленски материјал во должина од 66 метри, вклучувајќи и поединечно преприклучување на сите објекти од улицата во новата линија, истакна Пецаков. Тој најави дека е предвидена реконструкција на плочките на повеќе локации низ Стариот дел на градот, односно онаму каде што има потреба. Според Пецаков, целосно завршиле и активностите за фугирањето на потпорните ѕидови, што ќе превенира оштетување и рушење на ѕидовите.сс/фф/

Остани поврзан