• недела, 24 ноември 2024

Пехчевската библиотека ,,Кочо Рацин" ги додели наградите за најдобрите читатели

Пехчевската библиотека ,,Кочо Рацин
Пехчево, 5 февруари 2021 (МИА) - Библиотеката „Кочо Рацин" од Пехчево ги додели наградите за најдобрите читатели за изминатата година. Директорката на библиотеката Габриела Костадинова информираше дека награди се доделени во две категории.
-Со години наназад библиотеката „Кочо Рацин" од Пехчево ја одржува манифестацијата „Најчитатели рекордери и читатели рекордери" за годината што поминала. Но, поради пандемијата со Ковид 19, минатата година не успеавме да ја одржиме. Но, тоа не значи дека ги заборавивме читателите туку напротив, во просториите на библиотеката ги доделивме дипломите на најчитателите и читателите рекордери за 2020 година, а тоа се Јасмина Цековска, Бојана Најдовска, Викторија Јангелова, Наташа Лазаровска, Елена Михаилова и Олеандра Китански на кои им честитаме за наградата, изјави Костадинова.
Награди добија и љубителите на пишаниот збор од втората категорија насловена читатели рекордери, како и учениците со најмногу прочитани книги.
Паралелно, библиотеката синоќа го организираше и настанот наречен „Јас имам талент".
-Се работи за настан со кој ја опфативме помладата категорија, односно ученици под менторство на наставничката Оливера Кратевска. Во рамки на настанот, тие го покажаа она што го умеат во делот на глумата, читањето, пеењето, играњето, цртањето и други таленти кои ги поседуваат дечињата, соопштија од библиотеката во Пехчево.
На сите учесници на настанот „Јас имам талент" им беа доделени благодарници и признанија. вс/бак/

Остани поврзан