• вторник, 12 ноември 2024

Пет товарни возила исклучени од сообраќај на тетовско-гостиварското подрачје

Пет товарни возила исклучени од сообраќај на тетовско-гостиварското подрачје
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - При денешната акциска контрола на товарни возила (камиони и комбиња) за претовар и за управување без возачка дозвола спроведена од 07:00 до 11:00 часот на поширокото тетовско-гостиварското подрачје, пет вакви возила се исклучени од сообраќај. - При контролата кај пет вакви возила (ТЕ) констатиран е претовар и тие веднаш се исклучени од сообраќај, а изготвени им биле соодветни поднесоци на возачите, правните лица и нивните одговорни лица, со напомена дека паричните глоби за претовар за возачите се движат од 35 до 250 евра во денарска противвредност, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како штп псочуваат од МВР, со соодветен поднесок санкциониран е и еден возач (ТЕ) кој не поседувал возачка дозвола, како и три други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-2).фф/са/

Остани поврзан