• петок, 27 декември 2024

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антево перо“

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антево перо“
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - „Golgotha Feminarum“ од Славица Гаџовска Свидерска, „Куќа“ од Јулијана Младеновска Тешија, „Умоверзум“ од Шифра Имануел, „Созборка“ од Тања Павлеска и „Глуво време“ од Виолета Танчева Златева се петте поетски наслови кои ќе конкурираат за наградата „Антево перо“. Ова го одлучи на својот втор состанок жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ во состав на претседателката проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски. Наградата се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис, а ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски. Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува со цел откривање и афирмација на нови млади талентирани поети кои творат на македонски јазик и потстрек за нивното творештво, стручната комисија ги номинираше Софија Тодороска „Контури“, Матеја Богдан „Посветено“ и Рената Пенчова „Точки во бескрајот“.бт/са/

Остани поврзан