• четврток, 26 декември 2024

Пет повредени и двајца приведени по физички напад во тетовско кафуле

Пет повредени и двајца приведени по физички напад во тетовско кафуле
Тетово, 14 декември 2020 (МИА) - Тетовци на 18 и 22 години завршиле во полициска станица како приведени за напад врз сопственик на локал и менаџерот, како и оштетување на инвентарот. Настанот се случил околу 21 часот кога сопственикот и вработените се подготвувале за затворање на кафе барот, а притоа повредени се пет лица. -Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Д.(22) и М.С.(18) од Тетово, кои претходно биле пријавени дека во угостителски објект на улица „133“ физички ги нападнале сопственикот Г.К.(39) и менаџерот на објектот Ж.С.(33). Воедно причиниле и оштетување на инвентарот во објектот. Во физичката пресметка во која, според пријавеното, учествувале повеќе лица, а на која и претходела вербална расправија помеѓу двајцата пријавени и сопственикот и менаџерот на објектот, се користеле различни тврди предмети и при тоа повредени се пет лица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. По пријавата во кафе барот, извршен е увид по што ќе се работи на расчистување и документирање случајот како и изготвување соодветни поднесоци.ас/бт/

Остани поврзан