• четврток, 26 декември 2024

Пет парфеми со кои мирисот на лето ќе трае подолго

Пет парфеми со кои мирисот на лето ќе трае подолго
Лос Анџелес, 27 август 2021 (МИА) - Летото полека завршува, па познавачите и стручните портали предлагаат начини како мирисот на лето да трае подолго... Следат пет летни парфеми кои беа хит изминативе месеци.
  1. „Toni Gard - Sеа Side Women“
Овој разигран женски мирис потсетува на морскиот воздух на плажа. Предизвикува сеќавање и спомени за бескрајното пространство на морето и желбата за далечните места зад хоризонтот. Овој мирис е за жени кои сакаат свежи и елегантни мирисни композиции.
  1. „Abercrombie & Fitch - First Instinct Sheer“
Цветен мирис за жени. Во 2019 година, тој беше создаден од Жан-Марк Шајлан и Селин Барел. Парфем за самоуверени и смели жени кои сакаат да се чувствуваат посебно секој ден.
  1. „Salvador Dali - Sеа & Sun in Cadaques“
Инспирација за создавање на овој мирис бил градот Кадакс - омилено место на Салвадор Дали, уметникот кој ги минувал празниците таму во младоста.
  1. „Clean - Cool Cotton“
Тука цитрусните ноти се она што го прави овој мирис идеален за топлите денови, кога сакаме да внесеме мирис на летото во нашата секојдневна работа.
  1. „Hollister - Festival Vibes For Her“
Горните ноти тука се пенлив италијански бергамот, свежа дуња и бобинки. Срцевината се ноти на розов божур, нежен османтус, орхидеја ванилија и корален хибискус, а на самиот крај, се чувствува мирис на нежен кашмир и мек мошус. Од утро до вечер ви носи самодоверба и ви отвора многу можности.  си/сд/

Остани поврзан