• петок, 27 декември 2024

Пет награди за НУ Народен театар Битола на фестивал во Рума, Србија

Пет награди за НУ Народен театар Битола на фестивал во Рума, Србија

Битола, 1 април 2024 (МИА) - НУ Народен театар-Битола, македонски претставник на меѓународниот театарски фестивал кој викендов се одржа во српскиот град Рума, освои пет награди за претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев во режија на Иван Јерчиќ.

Стручното жири предводено од актерот Зијах Соколовиќ и членовите Марина Вујиќ и Надзима Чизмо, на битолчани за претставата „Кислород“ им доделија сребрена Тремина маска, златна плакета за најдобра режија на Иван Јерчиќ, награда за најдобра сценска музика, награда за најдобар дизајн на претставата, односно за музика, звук, светло-тотал дизајн, како и награда за најдобра партнерска игра на претставата во која настапија Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов.

На фестивалската сцена во Рума освен актерите од Битола, учествуваа и театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија. мт/дма/

Фото: НТБ

 

Остани поврзан