• вторник, 24 декември 2024

Пет македонски атлетичари учествуваа на Балканијадата во Словенија

Пет македонски атлетичари учествуваа на Балканијадата во Словенија

Марибор, 8 јули 2024 (МИА) – На Балканското првенство за  атлетичари до 18 години викендот во Марибор, Словенија, учествуваа пет македонски натпреварувачи.

Марко Алексовски во трката на 100б метри со резултат 10,88 секунди го освои 7. место со нов државен рекорд за млади младинци кој сега гласи 10,95. Иако резултатот во полуфиналето на Алексовски е побрз од тој во финалето, сепак тоа време беше остварено со мал нелегален ветер од +2.4.

На 200 метри надвор од конкуренција, Алексовски исто така успеа да оствари резултат со време од 21,71 (+3.0 ветер) освојувајќи го 3. место.

Брајан Авиа во дисциплината скок во далечина успеа да го освои 5.место со скок од 7,08 метри. За време на овој скок ветерот минимално ги надмина границите на дозволеното со јачина од +2.1.

Марко Ристов на дисциплината 100м успеа да ја спушти границата од 11 сек со резултат 10.99 пласирајќи се на 11. место, но и за оваа трка ветерот не беше во дозволените граници. На трката на 200 м тој го освои 7. место со нов личен рекорд од 22,20 секунди.

Лина Исени во дисциплината скок во далечина успеа да си го подобри личниот рекорд со скок од 5,07 метри освојувајќи го 17. место, а во дисциплината трискок успеа да го освои 16. место со скок од 10,89 метри. 

Јумна Фетаху во дисциплината ѓуле се пласираше на 8. место со фрлени 12.29 метри, додека на дисциплината диск го освои 9. место со резултат од 32,77 метра. зс/

Фото: АФМ

Остани поврзан