• четврток, 26 декември 2024

Пет лица загинаа при пад на хеликоптер во Мексико

Пет лица загинаа при пад на хеликоптер во Мексико

Мексико Сити, 17 ноември 2022 (МИА) – При пад на хеликоптер во централно Мексико загинаа пет лица, меѓу кои и министерот за јавна безбедност на сојузната држава Агуаскалиентес.

Сите пет лица во хеликоптерот загинаа, меѓу кои и министерот за јавна безбедност Хавиер Санчез Мендоза.

Гувернерот на мексиканската сојузна држава Агуаскалиентес, Тере Хименез изјави дека причината за падот на хеликоптерот најверојатно е несреќа. ми/

Остани поврзан