• вторник, 24 декември 2024

Пет лица загинаа во нов руски напад врз Харков

Пет лица загинаа во нов руски напад врз Харков

Харков, 4 април 2024 (МИА) – Рано утринава руски беспилотни летала нападнаа станбени згради во Харков, вториот по големина град во Украина, при што загинаа пет лица, вклучително и спасувачите кои пристигнаа на местото на настанот, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм напиша дека четири лица загинале на местото на нападот, од кои тројца биле спасувачи кои загинале во новиот напад. Повредени се пет лица.

-Петтото лице е убиено во напад врз приватна куќа во другиот дел на градот, додаде Терехов.

Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синехубов, напиша на Телеграма дека градот бил нападнат во најмалку четири брана.

Харков е честа мета на напади на руски беспилотни летала и ракети.сд/

фото:Х

Остани поврзан