• четврток, 26 декември 2024

Пет кандидати за градоначалник на Општина Штип

Пет кандидати за градоначалник на Општина Штип
Штип, 8 ноември 2020 (МИА) - Поднесени се пет кандидатири за избор на градоначалник на Општина Штип до Општинската изборна комисија. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева за МИА вели дека до полноќ, кога и официјално истече рокот  доставени се вкупно пет кандидатури. Во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата  коалиција „Иднината во наши раце“, а составена  од  партиите Демократи  и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија , а најголемо изненадување за штипјани е кандидатурата на Интегра-Македонска конзервативна партија, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, познат на штипјани како  Џими, кој е роден  во Нигерија, а во Штип доаѓа да студира, каде што веќе неколку децении  живее и работи. Андреева вели дека официјално овие се петмината кандидати за предвремените избори за градоначалник на Општина Штип. ВМРО ДПМНЕ попладнево по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествува на овие избори и да делигира свој кандидат. Тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им е важно. Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори. На 11 декември гласаат болните од Ковид-19, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите, а на 13 ти декември е изборниот ден, кога гласачките места се отвараат во 7 часот. вдј/лв/  

Остани поврзан