• недела, 28 јули 2024

Пет изведувачи доставиле понуда за доградба на детската градинка во Општина Карбинци

Пет изведувачи доставиле понуда за доградба на детската градинка во Општина Карбинци

Карбинци, 18 ноември 2023 (МИА) - Пет изведувачи доставиле понуда на јавната набавка на Општина Карбинци за доградбата на детската градинка. Градоналникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели  следи период на евалуација на понудите и утврдување на најниската цена. Тој не очекува пречки во текот на постапката и имплементацијата на проектот, со што Карбинци би требало да има дополнителен капацитет од 50 дечиња во детската градинка во текот на следната година.

-Во тек е евалуацијата на јавната набавка за избор на изведувач за доградба на детската градинка. Се работи за пет понуди коишто ги имаат оставено изведувачите, ќе се оди чекор понатаму на аукција, каде што ќе ја видиме крајната понуда и крајниот избор за изведувач и доколку таа биде успешна до крај, ќе се склучи понатаму и договор. Оваа детска градинка е од големо значење за нас. Доградбата ќе го зголеми капацитетот за 50 дечиња и очекувам до склучување на договор и почеток на градбата да немаме поголеми потешкотии односно проблеми во делот на имплементацијата и веќе во следната година да имаме еден завршен проект со проширен капацитет,вели Паунов.

Посочи дека со оглед на тоа што градинката „Кокичиња“ е едниствена на територија на општина Карбинци, листите на чекање се веќе долги. Бројката се движи и до 50 дечиња кои чекаат место за градинка, поради што Паунов смета дека оваа доградба е доволна за да се задоволат потребите.

-Листите на чекање се големи, бројката се движеше од 30 па и до 50 дечиња во изминатиов период. Се работи за единствена детска градинка во општина Карбинци во којашто се примаат дечиња од повеќе населени места, така што неопходна беше ваква доградба, затоа што капацитетот, навистина, е опрвдан со оглед на тоа дека листата на чекање е голема, рече Паунов.

Градинката веќе има 50 места, а со доградбата ќе овозможи згрижување на вкупно 100 дечиња од сите населени места во општина Карбинци. вдј/

Фото: Општина Карбинци 

Остани поврзан