• среда, 25 декември 2024

Петмина затвореници побегнаа од строго чуван затвор во Португалија

Петмина затвореници побегнаа од строго чуван затвор во Португалија

Лисабон, 8 септември 2024 (МИА) - Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти.

Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја прескокнат затворската ограда. Полицијата веднаш била испратена за да ги пронајде бегалците, соопштија властите.

Двајцата Португалци служеле казни од 25 години за дела поврзани со трговија со дрога, кражби, грабежи и киднапирања. Останатите тројца исто така биле осудени за слични кривични дела.

Затворот Вале де Жудеуш е строго обезбеден и има капацитет од 560 затвореници. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан