• четврток, 26 декември 2024

Пет вежби за правилен умствен развој на бебето

Пет вежби за правилен умствен развој на бебето
Лос Анџелес, 24 март 2021 (МИА) - Американското списание „Перентс“ наведува пет активности кои може да придонесат за развој на мозочните функции кај бебињата, кои помагаат и во здравиот раст и развој на малечкото. Во првата година од животот, бебињата минуваат низ процес во којшто од целосна зависност од родителите, учат навики на движења, гугање, па дури и независно хранење. Целиот овој процес може да се подобри со соодветна грижа и практикување препорачани активности. Следат неколку од нив. Нека лежи на своето стомаче... Времето кое бебето го минува на стомак е клучна вежба за моторниот, визуелниот и сетилниот развој на детето. Оваа активност го подготвува детето за ползење, седење и одење, бидејќи истовремено ја гради и силата на горниот дел од бебешкото тело и го изложува малечкото на нови движења, со што тоа ги вежба и моторните вештини. Откако ќе го поставите бебето на под, поставете и играчки што ќе може да ги грабне. Препорачливо е да почнете полека - со само две до пет минути време на стомак - неколкупати на ден. До една година, тоа време се накачува до 20 минути во оваа поставеност. Читајте му! Читањето го изложува вашето бебе на нови зборови и звуци, што влијае на нивната способност да го развијат мајчин јазик, нешто што почнува уште пред детето да почне да зборува. Нагласувањето на зборовите, насочувањето внимание на предметите на страниците и промената на бојата на гласот придонесува за развој на сосредоточеноста кај бебињата. Сликовниците со светли бои, што свират или се расплетуваат во 3-Д слики, се одлични за малите бебиња. Од шестиот до 12. месец, се препорачува да користите книги со слики на лица, или разни животни. Повеќе разговори... Колку повеќе зборови слуша вашето бебе, толку полесно ќе научи како да создава звуци при говорот и толку побрзо ќе прозбори. Разговорот со бебето со различна интонација и нагласувањето на одредени зборови исто така ги учи за ритамот на говорот. Имитирајте ги звуците што ги создаваат бебињата и охрабрувајте ги тие да ги имитираат вашите. Играњето игри на друштвен јазик, како „Ѕе“, додека се бањате, исто така гради вештини за говорот. Охрабрувајте го вашето бебе! Држењето на бебето, насмевнувањето и охрабрувањето кога се обидува нешто ново, му помага да се чувствува безбедно. Оваа важна постапка во емоционалниот развој им овозможува на бебињата да ризикуваат, да истражуваат и да учат. Се покажа дека бебињата кои се чувствуваат безбедно, така и развиваат посилна врска со родителите, бидејќи побргу се подготвени да направат нешто сами, на пр. - првиот чекор. Одржувањето рутина на „настани“ што се повторуваат во текот на целата седмица, исто така, може да помогне во развојот на оваа приврзаност и чувство на безбедност, бидејќи бебето ќе може и да предвиди што ќе се случи. Забавувајте го! Игрите и забавата му помагаат на бебето да научи повеќе за неговата околина, да ги разбере причините и последиците од одредени однесувања и да види како се одвиваат работите. Едноставното учење и откривање нови работи му помага на детскиот мозок да добие важни сознанија за идното свое однесување.  си/сд/

Остани поврзан