Пет арапски министри за надворешни работи ќе се сретнат со Блинкен на разговори за Газа
- Министрите за надворешни работи на Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар в сабота во Аман ќе се сретнат со американскиот државен секретар Антони Блинкен за да разговараат за конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Аман, 3 октомври 2023 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар в сабота во Аман ќе се сретнат со американскиот државен секретар Антони Блинкен за да разговараат за конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Во соопштението на јорданското Министерство за надворешни работи се нагласува дека претставник на палестинската управа, исто така, ќе се приклучи на разговорите што ќе се фокусираат на „реперкусиите ... од опасната ескалација што ја загрозува безбедноста во целиот регион“. зш/
фото ЕПА