• сабота, 16 ноември 2024

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и борбено возило на патот Краљево-Рашка

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и борбено возило на патот Краљево-Рашка

Белград, 21 септември 2024 (МИА) - Петчлено семејство денеска околу 13 часот и 10 минути загина во тешка сообраќајна несреќа кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, во судир учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС на српските вооружени сили.

Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, јави РТС.

Според директорот на Општата болница во Краљево, Зоран Мрвиќ, лекарите се борат за живот на едно лице.

Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција. зш/

 

Остани поврзан