• четврток, 26 декември 2024

Петти конгрес на ДОМ

Петти конгрес на ДОМ
Скопје, 27 ноември 2022 (МИА) - Демократската обнова на Македонија денеска треба да го одржи Петтиот конгрес на кој се очекува да бидат реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин и да бидат избрани членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата. На седницата на Централниот одбор на партијата, одржан на 24 овој месец, беше утврдено дека актуелната претседателка Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата. Согласно внатрепартиските принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ. Одлуката за одржување на Петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на Централниот одбор. бак/

Остани поврзан