• четврток, 26 декември 2024

Петти ден се трага по исчезната 78-годишна жена од Крива Паланка

Петти ден се трага по исчезната 78-годишна жена од Крива Паланка
Крива Паланка, 7 април 2021 (МИА) - Веќе пет дена трае потрагата по исчезнатата жена од кривопаланечкото село Конопница, која е пријавена за исчезната откако во петокот, 2 април, се оддалечила во непознат правец од сопствениот дом. Од семејството Ѓоргиевски апелираат сите граѓани што имаат каква било информација да ги контактираат. Во потрагата од вчера, во координација со Министерството за внатрешни работи, се вклучени тимови од локалната самоуправа, од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, од Црвен крст Крива Паланка, Одделение за внатрешни работи Крива Паланка и граѓани. - На ден 2 април 2021, околу 14 часот, во околината на село Конопница, Крива Паланка, исчезната е Цветанка Ѓоргиевска. По неколкудневна неуспешна потрага,  од вчера вклучени се претставници и теренски моторни возила од Општина Крива Паланка, ЈП Комуналец, ДЗС, ЦУК, ТППЕ Крива Паланка, ОО Црвен Крст, ОВР Крива Паланка, РЦ Север, поединци и граѓани. Во текот на денот во пребарувањето се вклучи и дрон технологија. Се апелира сите кои имаат некаква информација да ја споделат навремено. Личноста има 78 години и беше во добра витална состојба, информираат членовите на семејството. Оттаму посочуваат доколку некој ја видел или ја види, да пријави во надлежните институции. И старешините од Извидничкиот одред „Наум Наумовски -Борче" од Крива Паланка се вклучија во потрагата, формирајќи тим за спасување и потрага по исчезнати лица, кој предводен од искусни извидници ќе врши ребарување на терен со цел пронаоѓање на исчезнатата. ид/оџ/

Остани поврзан