• среда, 25 декември 2024

Петти ден од изборната кампања – претседателските кандидати ги промовираат платформите пред граѓаните

Петти ден од изборната кампања – претседателските кандидати ги промовираат платформите пред граѓаните

Скопје, 8 април 2024 (МИА) – Петти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.

Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски, кој ќе ја бара поддршката од граѓаните за втор мандат, ќе одржи митинг во скопските општини Кисела Вода и Аеродром.

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе ја презентира нејзината програмата во Новаци, Демир Хисар и Битола.

Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи, во општина Шуто Оризари ќе одржи панел дискусија на тема: Еднаквост, консензуалност и социјална кохезија, како и прес-конференција по завршувањето на панелот.

Во Централната канцеларија на албанската Коалиција „Вреди“, кандидатот за претседател Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција.

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“, во Охрид, Дебрца, Велмеј и Лешани, при што ќе одржи средби со граѓани на Охридскиот кеј, низ охридската чаршија и градскиот пазар, како и ќе изврши посета на неколку домаќинства во село Велмеј и село Лешани.

Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања со средби со граѓани во Богданци и Гевгелија.

Синоќа претседателските кандидати упатија неколку главни пораки на нивните митинзи и средби со граѓани.

Пендаровски, на вчерашниот предизборен митинг во Охрид, рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминативе години „де факто“ е на истите антимакедонски позиции на Бугарија и ги поддржува опструкциите кои доаѓаат од таа страна.

– Ветивме дека Македонија ќе ја направиме членка на НАТО и тоа го направивме после 25 години статус кандидат. Огромен исчекор направивме и во преговорите со ЕУ, после 17 години во чекалната конечно ги отворивме преговорите. За жал, во моментот кога најмалку тоа го очекувавме нашиот источен сосед постапи комплетно антиевропски и не блокираше на тој пат. Меѓутоа и со тоа можевме лесно да се избориме ако внатре во државава немавме опозиција која „де факто“ е на истите антимакедонски позиции и ги поддржува сите опструкции кои ни доаѓаат од таа страна, истакна Пендаровски.

Силјановска Давкова на претставувањето на својата предизборна програма пред граѓаните на Кочани упати порака дека крајно време е една одговорна власт да направи широко експертско тело што ќе ги утврди проблемите во Уставот, бидејќи како што рече, тој е зрел за промени.

– Знам дека Уставот е зрел за промени и мислам дека е крајно време една одговорна власт да направи широко експертско тело што ќе ги утврди проблемите во него. Има работи што треба да се сменат за да имаме стабилна и функционална држава, силни институции и слаби поединци, зошто инаку загрозена е демократијата. Јас би требало да бидам една од оние која ќе ги менува работите, истакна Силјановска-Давкова.

Претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, на вчерашниот митинг во Охрид истакна дека за земјава да стане членка на Европската унија првенствено треба да биде стабилна и самоодржлива држава.

Македонија мора да продолжи да се развива како држава. За да станеме членка на Европската унија првенствено треба да ја средиме да личи, да биде стабилна и да е самоодржлива држава. Треба да

– Македонија мора да продолжи да се развива како држава. За да станеме членка на Европската унија првенствено треба да ја средиме да личи, да биде стабилна и да е самоодржлива држава. Треба да си ги засукаме ракавите дома, да си се фатиме за работа, да ги спречиме енормната корупција и криминалот што ги создадоа и ги создаваат политичките елити, рече Димитриевски.

Караванот на „Европскиот фронт“ предводен од кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи, заедно со членови на ДУИ и кандидати за пратеници, вчера во Куманово се сретна со граѓаните.

Караванот на „Европскиот фронт“ предводен од кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи, заедно со членови на ДУИ и кандидати за пратеници, синоќа во Куманово се сретна со граѓаните. На отварањето на штабот, кандидатот за претседател Османи кажа дека Куманово ќе каже „Да- за европскиот сон, Да за европскиот претседател“.

-Европскиот фронт е наменет, не само за овие избори, туку за сите идни проекти, суштински важни за граѓаните од сите сфери на живеењето, економијата, подобар стандард, подобри услови за живот, европски стандарди во земјава... 24 април и 8 мај се датуми кои ќе донесат успех, рече Османи.

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Арбен Таравари во изјава за медиуми по остварувањето на правото на глас, изрази оптимизам за

Кандидатот за претседател на државата од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, вчера оствари средба со лекари во Тетово, по повод Денот на здравјето - 7 Април. Претседателскиот кандидат посочи дека ќе се залага за децентрализација во здравството, како начин на поквалитетни медицински услуги за граѓаните.

-Не сум тука само да учествувам. Одиме по потешкиот пат. Поведро и подонстоинствено не можеме да го направиме тоа. Сѐ штo треба да направиме е да ги мотивираме граѓаните зад параванот, рече к

Левица синоќа на народниот собир во Тетово, ја претстави изборната програма „Го враќаме достоинството на нацијата“ на нивниот претседателски кандидат Билјана Ванковска, која рече дека е против внесување на Бугарите во Уставот и посочи дека нејзините противкандидати бегаат од директни соочувања, за што рече, не доликува на една демократија. ра/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан