• сабота, 23 ноември 2024

Петти ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година

Петти ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година

Скопје, 5 август 2024 (МИА) – Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. 

Согласно Деловникот, амандманската расправа, која денеска се одвива веќе петти ден, треба да заврши за шест дена. За ребалансот на Буџетот беа поднесени 58 амандмани, но во текот на расправата дел од нив беа повлечени од предлагачите.

Досега не е прифатен ниту еден амандман.вј/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан