• сабота, 23 ноември 2024

Петстотини викендички крај Тиквешко Езеро приклучени на водоводна мрежа од регионалниот водовод „Лукар“, се приклучуваат нови

Петстотини викендички крај Тиквешко Езеро приклучени на водоводна мрежа од регионалниот водовод „Лукар“, се приклучуваат нови

Кавадарци, 21 ноември 2023 (МИА) - Петстотини викендички крај Тиквешко Езеро се приклучени на водоводна мрежа од регионалниот водовод „Лукар“, се приклучуваат нови, потврди денеска за МИА Гоце Ангеловски, директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.   

- Продолжуваме со приклучоци за вода, на објекти на брегот на Тиквешко Езеро. Досега во населба Брушани се приклучени 500 викендици и со тоа вода за пиење добија над 90 проценти од жителите на Брушани. Моментално се приклучуваат и останатите викендици спрема кракот на ресторан „Луле“, каде досега имаме приклучено 85 викендици, а очекуваме вкупно околу 150  барања за  приклучоци. До крајот на годината ќе се приклучат и другите заинтересирани за водоводна линија, појасни Ангеловски. 

Тој додаде дека актуелно е приклучувањето, на, како што додаде,  новата водоводна линија, на вториот крак од Тиквешко Езеро. 

- Конечно и крај овој дел на езерото се приклучуваат кон водоводната мрежа. Досега, езеро гледаа пред себе, но немаа водоснабдување во своите објекти. Интензивно се работи за поквалитетен живот на сите, а во случајов, на сите што имаат куќи и викендички на брегот на Тиквешко Езеро, втора по големина вештачка акумулација во државата, нагласи Ангеловски. свд/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан