• недела, 24 ноември 2024

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие

Скопје, 19 септември 2024

Денес и во наредните неколку дена ќе обелодениме како Љупчо Дон Николовски покрај тоа што исплаќал милионски субвенции на фирми блиски до СДС без основ, и раскалашено трошел народни пари на лични задоволства и нему блиски луѓе.

Љупчо Дон Николовски за три ипол години колку што бил министер за земјоделство потрошил 976.199 денари во кафеани и ресторани.

Раскалашеноста е заштитен знак на СДС.

976.199 денари кога ќе го поделиме на 42 месеци, доаѓаме до сума од 23.400 денари, пари кои Дон Николовски ги трошел на кафеани. Ова го презентираме вака за и самиот Дон Николовски да сфати дека месечно во кафеани трошел по една плата, со која во државава живеат цели семејства.

Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година цели 377.700 денари.

На масата на Дон Николовски често се наоѓале јадења како телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а се пиеле и скапи вина како Алшар од по 3500 денари шише.

Дон Николовски се однесувал како Бисера Антоанета и без пардон трошел народни пари на кафанско седенки, додека од друга страна лицемерно зборувале дека работат за народот.

Ова е таа раскалашеност и лицемерие на СДС. Утре и во наредните неколку дена целосно ќе го разоткриеме Дон Николовски и неговиот раскошен начин на живеење и патување.

 

Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива 

Остани поврзан