Петрушевски: ЈО, Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас, шест месеци не мрднаа со прст
- СООПШТЕНИЕ - Љупчо Коцевски како шеф на ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните. А тој не мрдна со прст.
Скопје, 2 декември 2024
Љупчо Коцевски како шеф на ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните. А тој не мрдна со прст.
6 месеци Љупчо Коцевски не отвори ниту еден случај, а обвинителите бирани во Струмица и Зајас кои чудно се разболуваат кога треба да постапуваат наместо да ги суспендира, тој ги брани.
6 месеци ЈО ја опструира правдата. Обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин како да ескивираат.
Обвинителите бирани во Струмица и Зајас, на кои им се влошува здравјето кога ќе треба да гонат криминал, се причина зошто довербата на граѓаните во правосудството е 2%.
Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО е директно одговорен за неработата на ЈО и очигледниот заштитнички однос на одредени обвинители кон криминалците дел од поранешната власт.
Го повикуваме Републичкиот јавен обвинител во најбрз можен рок да почне со постапување по закон.
Граѓаните очекуваат правда, и владеење на правото, а не изговори.
Бране Петрушевски, пратеник
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.