• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Петрушевски: СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички

Петрушевски: СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички

Скопје, 7 март 2025

 

Интегрален текст од прес - конференција

Говорник: Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

 

Почитувани,


СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички.

Сања Лукаревска вчера на прес - конференција од Собранието призна дека СДС го координира ССМ и дека имаат состаноци во синдикатот.

Она што не го кажа Лукаревска е дека на тие состаноци е договорен малициозниот и деструктивен пристап кон државата, со цел да се нанесе колку може повеќе штета.

ВМРО-ДПМНЕ им го обелодени планот, и покажа дека ССМ со Слободан Трендафилов стана обична испостава на СДС.

Од ССМ не може да се очекува ништо повеќе се додека на нејзино чело е Слободан Трендафилов, кој е задолжен кај СДС заради неговото поставување.

И СДС и ССМ демаскирани сте, залудно е да продолжите со лагите, наместо деструкција бидете конструктувни и реални со народот и државата, така ќе добиете поголеми симпатии, наместо да тонете под секое ниво.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан