• четврток, 26 декември 2024

Петровска: Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки

Петровска: Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки
Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Славјанка Петровска соопшти дека постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки.
- За да се борите против криминалот треба да го осудите криминалот во сопствените редови. Следниот пат кога ќе застанете пред камера со обвинувања, прво проверете дали ги знаете сите информации или сте наседнале на нечија провокација или непознавање. Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки, стои во соопштението на Петровска во врска со ставовите на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Институциите, како што се посочува, работат и ќе ги испитаат сите наоди, па макар тие биле и паушални обвинувања поттикнати од партиски интереси.
- Компанијата која ја обвинувате за соучесник во наводен корупциски криминал е германска компанија во која 40 отсто сопственик е државата, СР Германија, потенцира Петровска. мд/рп/

Остани поврзан