• среда, 25 декември 2024

Петровска: 24 лица и кучиња трагачи ќе бидат испратени во Турција да помогнат да се спасат човечки животи

Петровска: 24 лица и кучиња трагачи ќе бидат испратени во Турција да помогнат да се спасат човечки животи
Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва објави дека Министерството за одбрана и Армијата испраќаат итна помош за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција.
 
-На предлог на Министерството за одбрана, Владата на вонредната седница донесе одлука да бидат испратени тим за заштита и спасување од Армијата, кучиња трагачи и хуманитарна помош во пријателска Турција. 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две лица водачи и кучиња обучени за трагање наскоро заминуваат во сојузничка Турција, за да помогнат да се спасат човечки животи, под урнатините настанати од катастрофалниот земјотрес, напиша Петровска на Фејсбук по вонредната владина седница. 
 
Застануваме солидарно, посочува таа, да им помогнеме на преживеаните да ги пребродат овие тешки времиња.
 
-На пријател во неволја, секогаш ќе му помогнеме, напиша Петровска. ев/са/

Остани поврзан