• среда, 18 декември 2024

Петровска – Кареирас: Северна Македонија и Португалија ја развиваат одбранбената соработка 

Петровска – Кареирас: Северна Македонија и Португалија ја развиваат одбранбената соработка 
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Министерките за одбрана на Северна Македонија и на Португалија, Славјанка Петровска и Хелена Кареирас денеска во Брисел на средба разговарале за потенцијалот за развој на одбранбената соработка, за што наскоро се очекува да биде потпишан и Договор за соработка во одбраната. - Потпишувањето на првиот договор за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Португалија кое го очекуваме наскоро, ќе ни биде нашиот патоказ како силно да ја развиеме сојузничката соработка помеѓу Северна Македонија и Португалија, рекла министерката Петровска, соопштија од МО. Петровска нагласила дека Северна Македонија е активен сојузник во Алијансата и оти земјата е посветена на зацврстувањето на регионалната безбедност и стабилност, преку учеството во мисијата на НАТО на Косово, како и во мисијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина. Северна Македонија е целосно прилагодена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, истакнала Петровска, потенцирајќи дека е потребно евроинтегративниот пат на земјите од Западниот Балкан да биде ефикасен и брз. Министерката Кареирас истакнала дека земјите со веќе усогласениот текст на Договорот за соработка го направија првиот чекор кон развојот на одбранбената соработка и оти таа соработка има голем потенцијал за развој во иднина. цр/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан