• недела, 17 ноември 2024

Петровска - Холштајн: Посветени сме на развој на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Германија

Петровска - Холштајн: Посветени сме на развој на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Германија
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска остварила средба со амбасадорката на СР Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн, на која се разговарало за билатералната одбранбена соработка, како и за геополитичките предизвици на европскиот континент. - Министерката Петровска и амбасадорката Холштајн ги потврдија позициите на двете земји членки на НАТО  Алијансата – сојузниците се единствени по ова прашање, а мирното и дипломатско решение на руско-украинските односи е најпосакуваното решение на ситуацијата, стои во денешното соопштение од МО. Во контекст на билатералната соработка, Петровска и Холштајн потврдиле дека таа е на одлично ниво и се заложиле за нејзин развој. Соработката се базира на Спогодбата од далечната 1996 година, а низ годините сите годишни програми за соработка имаа исклучително висок процент на реализација. Двете земји соработуваат во доменот на одбранбената политика,  логистиката, воената медицина, активностите од областа на АБХО, школувањата и обуките. Во периодот од 2002 до 2019-та година, стои во соопштението, интензивен курс по германски јазик завршиле околу 200 припадници на Армијата, кои последователно биле упатувани на стручно спцијалистички оспособувања во оваа земја, а околу 200 припадници на Армијата, на различно ниво, се школувале и завршиле обука на воените школи во Германија. цр/са/

Остани поврзан