• недела, 24 ноември 2024

Петровска: Родовата рамноправност во врвот на приоритетите на МО

Петровска: Родовата рамноправност во врвот на приоритетите на МО
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Марк Ремилар, главниот програмски менаџер во Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ на денешниот состанок го потпишаа Договорот за соработка кој предвидува спроведување на родова само-проценка во одбраната, процес кој ја унапреди родовата компонента во работењето на Министерството. Оваа анализа ќе даде придонес во развојот на институционалната култура во обезбедувањето на еднакви можности за мажите и жените и ќе даде конкретни препораки во реализацијата на родовиот акциски план. Министерката Петровска цврсто ја поддржа имплементацијата на проектот и порача дека Министерството и досега посветено работеше на прашања од родовата еднаквост и перспектива, при што во изминатиот период е направен голем прогрес, соопшти МО. - Родовата перспектива е во врвот на приоритетите на Министерството. Ние цврсто веруваме дека секоја личност, секоја индивидуа е витален дел од одбраната и убедени сме дека ставањето фокус на родовата компонента е единствениот начин како можеме нашиот целосен потенцијал да го ставиме во функција на државата и на граѓаните, искаткна Петровска. Таа изрази задоволство што денеска се потпишува овој Договор за соработка, кој ќе даде дополнителен интензитет во заложбите за целосна родова рамноправност. Ремилар се заблагодари за покажаниот ентузијазам за соработка на ова поле и за професионалноста и посветеноста кон родовата рамноправност. - Со прифаќањето на оваа иницијатива, вие поставувате позитивен пример за сите институции од безбедносниот сектор. Родовата само-проценка е исчекор кон зацврстување на родово-сензитивна и родово респонзивна институционална култура, рече главниот програмски менаџер во ДЦАФ. Проектот кој започнува денеска, а ќе трае до крајот на следната година, предвидува шест области во фазата на собирање на податоци и нивна анализа и тоа: ефективност на перформанси; закони, политики и планирање; односи со заедницата; одговорност и надзор; персонал; и институционална култура. Министерството за одбрана во изминатиот период направи исчекор во поглед на интегрирањето на родовите политики во суштинските закони во одбраната, а донесено е и Упатство за заштита од вознемирување на работното место, кое е целосно усогласено со НАТО политиката за превенција и одговор на сексуална експлоатација и злоупотреба. Дополнително, беше изработен и Втор национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325, каде координативната улога ја има токму одбраната. Воспоставена е и родова структура, односно беше воведена позицијата офицер за еднакви можности во Армијата, а формирана е и мрежа од 36 родови претставници – 19 во Армијата и 17 во Министерството за одбрана. Овие родови претставници играат клучна улога во советувањето на раководниот и командниот кадар во оваа област и давањето помош во случај на вознемирување на работното место, се вели во соопштението од МО.са/

Остани поврзан