• четврток, 26 декември 2024

Петровска - Норман: Заедничка осуда на руската инвазија на Украина

Петровска - Норман: Заедничка осуда на руската инвазија на Украина
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и канадскиот амбасадор акредитиран за Северна Македонија, Џајлс Норман на денешната средба во Министерството заеднички ја осудиле руската инвазија на Украина. Како што соопштија од МО, министерката Петровска истакнала дека во денешна Европа нема простор за воен конфликт и страдања на кои сите сме сведоци во последните денови. - Она што сега е најпотребно е да се врати првенствено мирот и стабилноста, а сите недоразбирања мора да се решат по дипломатски пат и искрен дијалог, рекла Петровска на средбата со канадскиот амбасадор. Амбасадорот Норман истакнал дека членството на Северна Македонија во Алијансата е особено важно за земјата, но и за стабилноста на регионот. Тој ја потенцирал важноста на единството на меѓународната задница во осудата на воените дејствија. Северна Македонија и Канада во доменот на одбраната соработуваат од 1999 година, кога беше потпишан и Меморандумот за разбирање за воена соработка. Двете земји најмногу соработуваат во доменот на военото образование кое вклучува јазични обуки по англиски и француски јазик, обуки за планирање на вежби, обуки за штабни офицери во мировни операции и обуки за цивилно – воени односи. Во следниот период одбранбената соработка ќе биде проширена во нови области. цр/хс/

Остани поврзан