Петровска: Не постои реална закана за безбедноста на државата
- Апсолутно проценките, анализите и информациите со кои располагаме велат дека до овој момент не постои реална закана за безбедноста во Северна Македонија, нагласи министерката за одбрана.
Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Не постои реална закана по безбедноста во Северна Македонија, изјави вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Во вечерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Петровска рече дека нституциите успешно си ја работат својата работа и оти закани побезедноста нема.
- Апсолутно проценките, анализите и информациите со кои располагаме велат дека до овој момент не постои реална закана за безбедноста во Северна Македонија, нагласи министерката за одбрана.
Во врска со случајот за наводно сексуално вознемирување во Армијата што денеска од собраниската говорница го актуелизира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, таа кажа дека за таков случај досега не била информирана.
- Ако нешто до мене стигне како информација, секогаш без двоумење и притоа без да водам јас истрага, веднаш го повикувам шефот на военото разузнавање и информирам за сите информации кои стигнале до мене, изјави Петровска.са/дма/
Фото: принтскрин