• среда, 25 декември 2024

Петровска: Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Петровска: Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) – Изјавите на претставниците на партиите од власта поврзани со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства по скратена постапка дека се работи за провокација или обид за дестабилизација се пораз за демократијата, демант на сите изјави на тие политичари дека се свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, интеграцијата во ЕУ и својата улога во општеството, изјави денеска пратеничката на опозициската СДСМ, Славјанка Петровска, која е предлагач на законот.

- Поднесениот Предлог-закон е одговор на барањата за правда и правичност оттаму што не се однесуваат само на припадниците на безбедносните сили од воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес на заштитата на државата и на сите граѓани, рече Петровска.

Побара од пратениците од владејачката партија да го задолжат претседателот на Собранието да го примени Деловникот идентично како што тоа го направиле со задолжувањето со кредитот од Унгарија и да закаже седница на Комисијата за труд.

- Претседателот Гаши да постапи исто како во случајот со унгарскиот кредит... Тој тогаш го искористи деловничкото право и ја свика Комисијата за финансирање и буџет и назначи пратеник кој ќе ја води таа комисија. На тој начин постапката продолжи. Истото тоа го бараме да се примени и сега. Тврдам дека чекор назад е свикување на Комисијата бидејќи и претседателката на таа комисија јавно кажа дека нема да ја свика Комисијата. Доколку не биде постапено идентично, изјавите на првиот вицепемиер Меџити дека овој закон нема да биде донесен ќе бидат само потврда дека пратениците на ДМПНЕ се само бројка во Собранието без капацитет да ги исполнат ветувањата, рече Петровска.

Што се однесува на работата на претседателот на Собранието, Петровска рече дека пратениците од опозицијата ќе побараат Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да расправа и да утврди дали има прекршувања или погрешни толкувања и примена на Деловникот од негова страна. 

За Предлог-законот што е поднесен во Собранието рече дека е со поширок обем отколку оној поднесен од Стојанче Ангелов од „Достоинство“.

- Тогаш предложениот предлог-закон поднесен на иницијатива на Достоинство, беше изготвен во мојот Кабинет како министерка за одбрана во координација со Стојанче Ангелов. Заради одлуката на Ангелов да направи предизборна коалиција со ВМРО –ДПМНЕ, тој Предлог-законот го поднесе како сопствена иницијатива, а не како предлог на Владата. Дури и тогаш тој Предлог-закон беше поддржан од СДСМ, рече таа. аб/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан