• четврток, 26 декември 2024

Петровска: Мирен, безбеден и стабилен регион е клучен приоритет за С Македонија и Косово

Петровска: Мирен, безбеден и стабилен регион е клучен приоритет за С Македонија и Косово
Скопје, 14 април 2022 (МИА) - Соработка за мирен и безбеден регион, стабилноста на Западниот Балкан е клучен приоритет за Северна Македонија и Косово, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот официјален фејсбук профил. - На денешната средба со косовскиот министер за одбрана, Арбен Мехај, разменивме мислења за актуелните геополитички предизвици, за придонесот на Северна Македонија во одржувањето на регионалната безбедност и стабилност, вклучително и преку учеството во НАТО мисијата КФОР, напиша Петровска, кој денеска престојува во посета на Косово. Таа информира дека е потпишан нов Меморандум за соработка, како продолжување на веќе воспоставената соработка што ги опфаќа справувањето со дезинформациите, безбедносната и одбранбена политика, процесот на планирање, програмирање, буџетирање и извршување, медицинската обука и военото образование. цр/са/

Остани поврзан